• сабота, 16 ноември 2024

МВР: Локализирани пожарите во Кривогаштани и Сарај, фрлени над 45 тони вода

МВР: Локализирани пожарите во Кривогаштани и Сарај, фрлени над 45 тони вода

Скопје, 23 август 2023 (МИА) -  Хеликоптер од типот „Белл 212“ денеска делуваше во 45 налети и исфрли 40 тони вода во гаснењето на пожарот во општина Кривогаштани. Заедно со пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево пожарот е ставен целосно под контрола, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гаснење пожар што избил денеска, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје, го упатил  хеликоптерот.

Од МВР информираат дека Одделот за воздухопловни единици исто така по пријавен пожар од страна на ЦУК во Општина Сарај, кај село Љубин, интервенираше со  хеликоптер од типот „Ми-171“. 

- Во два наврати прецизно исфрли 5 тони вода и заедно со „Ер тракторите“ на ДЗС помогна во целосно гаснење на пожарот, се наведува во соопштението од МВР. мд/аа/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан