Полицискиот час го прекршиле 36 лица, 412 санкции за неносење маска
- Во текот на вчерашниот ден од 20:00 до 05:00 часот, 36 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Северна Македонија, регистрирани се 412

Скопје, 20 април 2021 (МИА) – Триесет и шест лица не ја почитувале тековната забрана за движење, што е во сила од 20 часот навечер до 5 часот наутро, а изминатото деноноќие се регистрирани 412 прекршоци за мерката носење лична заштита на лице, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. ки/лв/