• понеделник, 23 декември 2024

Полицајците во Тетово делеа летоци за кампањата „Среќни, весели и безбедни празници во секој дом - вози одговорно, патувај безбедно“

Полицајците во Тетово делеа летоци за кампањата „Среќни, весели и безбедни празници во секој дом - вози одговорно, патувај безбедно“

Тетово, 7 јануари 2024 (МИА) - Во рамките на кампањата „Среќни, весели и безбедни празници во секој дом - вози одговорно, патувај безбедно", на пункт во близина на наплатната станица Тетово, на поголем број возачи, полицајци делеа наменски изработени летоци од Републичкиот совет за безбедност на патиштата, МВР и Факултетот за безбедност-Скопје. Оваа планирана превентивно-информативна активност е спроведена од Отсекот за превенција и сообраќајната полиција.

-Во непосреден разговор, исто така, на возачите им беше советувано да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не возат пребрзо и целосно да ги почитуваат сите сообраќајни знаци, правила и прописи. Посебно им беше укажано да не ги управуваат возилата под дејство на алкохол и без положен возачки испит, односно безбедно да уживаат во празнувањето и да не дозволат грешка во сообраќајот. Возачите беа потсетени и на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема, особено ако патуваат кон Попова Шапка, Стража или Маврово, но и на законските импликации доколку не се почитуваат пропишаните регулативи, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

Ваква активност утре, 8 јануари планирана е и на гостиварското подрачје, а целта е поблиско запознавање со информациите кои можат да им помогнат безбедно да учествуваат во сообраќајот и да празнуваат задоволни и среќни. ас/нд/

Фото: СВР Тетово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан