„Политико“: Членови на ЕП побараа да и се одземе правото на глас на Унгарија во ЕУ поради патувањата на премиерот на таа држава во Русија и Кина
- Членови на Европскиот парламент побараа да и се одземе правото на глас на Унгарија во ЕУ поради патувањата на премиерот на таа држава во Русија и Кина, објави Политико.

Стразбур, 16 јули 2024 (МИА) - Членови на Европскиот парламент побараа да и се одземе правото на глас на Унгарија во ЕУ поради патувањата на премиерот на таа држава во Русија и Кина, објави „Политико“.
Во писмото добиено од уредниците на публикацијата, 63 европратеници им се обраќаат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Во него тие пишуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „веќе нанел значителна штета користејќи и злоупотребувајќи ја улогата на претседавањето со ЕУ“.
Унгарија го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ од Белгија на 1 јули. Оттогаш, Орбан презема соло „мировни мисии“ во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон и, без да биде овластен да го стори тоа, тврди дека ја претставува ЕУ. рп/
Фото: ЕПА