Политико: Германскиот план за вооружување од 83 милијарди евра ги заобиколува САД
- Германија подготвува воени набавки вредни 83 милијарди евра до 2026 година, но само осум проценти одат за американско оружје, покажува документ до кој дојде Политико.
Берлин, 23 септември 2025 (МИА) – Германија подготвува воени набавки вредни 83 милијарди евра до 2026 година, но само осум проценти одат за американско оружје, покажува документ до кој дојде Политико.
Најголемите проекти се европски: фрегати F-127 вредни 26 милијарди евра, нова серија Eurofighter со 6 милијарди и оклопни возила Boxer за 3,4 милијарди. Се планира и модернизација на ракетите Taurus и дополнителни системи за ПВО IRIS-T.
Од американските договори најголеми се 5,1 милијарди за Patriot и 150 милиони за торпеда на Boeing P-8 A.
Додека Трамп бара Европа да купува повеќе американско оружје, Берлин јасно се насочува кон европската индустрија и домашни проекти. јт/