• среда, 27 ноември 2024

Политико: Барние ќе именува левичари во владата додека спроведува десничарска агенда

Политико: Барние ќе именува левичари во владата додека спроведува десничарска агенда

Париз, 12 септември 2024 (МИА) - Новоименуваниот француски премиер Мишел Барние има намера да назначи членови на кабинетот ориентирани кон левицата, со цел да избегне новата влада веднаш да се соочи со гласање за недоверба, а во исто време да се стреми да обезбеди поддршка од кралската десница, пишува Политико. 

Коалицијата на левичарските партии, Новиот народен фронт, која освои најмногу гласови на изборите во јуни, го обвини претседателот Емануел Макрон дека ги „украл“ изборите откако Барние беше назначен да ја води новата влада. Барние, дури и со поддршка на Макрон, може да смета на 200 места во Парламентот или 89 помалку од апсолутното мнозинство. Поради тоа, Барние настојува да го пополни својот кабинет со најмалку четири различни политички профили, за да задоволи што е можно повеќе пратеници, пишува „Политико“.

Во исто време, членовите на Новиот народен фронт ветија дека ќе го поддржат барањето за гласање недоверба на администрацијата на Барние, а умерените левичари најавија дека нема да соработуваат со неговата влада. На Барние ќе му треба силен кандидат за министер за финансии, бидејќи состојбата на финансиите на Франција е најважното прашање во владата. Според извештаите, идниот министер ќе мора да биде подготвен да носи непопуларни одлуки, како што се намалување на трошоците и зголемување на даноците. Дидије Мигод, шеф на француското тело за транспарентност, би можела да биде една од опциите, пишува Политико.

Иако Барние нагласи дека неговата влада ќе раскрсти со политиката на Макрон, тој не ја исклучи можноста некои актуелни министри да останат на функцијата. Неколку, како што е министерката за култура во заминување, Рахида Дати, јавно ги објавија своите надежи да се приклучат на новата администрација, додека Жералд Дарманен може да ја задржи функцијата министер за внатрешни работи. Не се очекува Барние да именува член на екстремно десничарското Народно собрание во неговиот кабинет, бидејќи тоа би ги оддалечило центристите, но постои можност тој да усвои дел од нивната агенда, како што е повторното формирање на Министерството за имиграција.

Како што пренесува Франс инфо, Барние веќе размислува за формирање на ова министерство, кое постоеше за време на претседателствувањето на Никола Саркози, со цел да ги привлече гласачите на Националното собрание. По укинувањето на министерството во 2010 година, надлежноста за имиграцијата беше вратена на Министерството за внатрешни работи. Иако Барније официјално се оградува од Националното собрание, обезбедувањето поддршка од екстремната десница веројатно ќе биде од клучно значење за опстанокот на неговата влада, пишува Политико. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан