• петок, 08 ноември 2024

Покрената истрага против Курц

Покрената истрага против Курц
Виена, 6 октомври 2021 (МИА) - Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека со пари на даночните обврзници плаќале медиумите да објавуваат позитивни вести за Курц и за неговата партија Австриска народна партија (ОВП), соопшти денеска австриската Канцеларијата на државниот обвинител за економски прашања и корупција (ВКСТА). Според истражителите постои сомнение дека на агенциите за испитување на јавното мислење им се исплаќале средства од новото Министерство за финансии за „исклучиво партиски мотивирани, понекогаш наместени анкети“ во интерес на Курц. Покрај тоа, јавните пари биле исплаќани за рекламирање во еден медиум. Австрискиот весник „Дер Стандард“ претходно објави дека вредноста на договорот за рекламирање и соработка изнесувал 1,3 милиони евра. Владејачката ОВП и осомничените медиуми ги негираат обвинувањата. Обвинителите денеска извршија претреси во седиштето на ОВП, во Владата и во Министерството за финансии. ми/

Остани поврзан