Познати противниците на Фит Фан Волеј во БВА купот
- Единствениот македонски претставник во Балканскиот одбојкарски клупски куп, БВА купот 2025, Фит Фан Волеј, ги доби противниците во годинешното издание.
Скопје, 4 септември 2025 (МИА) – Единствениот македонски претставник во Балканскиот одбојкарски клупски куп, БВА купот 2025, Фит Фан Волеј, ги доби противниците во годинешното издание.
Одбојкарките на Фит Фан Волеј ќе се соочат со грчки АЕК, Херцег Нови од Црна Гора, како и организаторот на турнирот Дрита од Косово. БВА купот ќе се игра од 25 до 28 септември во салата „Мајка Тереза“ во Гњилане.
Победникот на овој турнир обезбедува директно учество во ЦЕВ Челинџ купот,
Одбојкарките на Фит Фан Волеј минатата сезона завршија четврти во Првата лига, а играа и во полуфиналето на Купот на ОФМ 2025 што е една од најуспешните сезони во нивната клупска историја.ег
ФОТО: БВА