Познати полуфиналните двојки на Европското во ракомет
- Словенија ќе игра против Шпанија, додека Норвешка против Хрватска во борба за пласман во финалето и освојување на златото.

Виена, 22 јануари 2020 (МИА) - Познати се полуфиналните двојки по одигрувањето на денешните натпревари на Европското ракометно првенство.
Словенија ќе игра против Шпанија, додека Норвешка против Хрватска во борба за пласман во финалето и освојување на златото.
Резултати од денес:
Шпанија - Хрватска 22-22
Португалија -Унгарија 34 -26
Норвешка - Словенија 33-30
Белорусија - Австрија 36 -36
Распоред полуфинале:
18.00: Шпанија - Словенија
20.30: Норвешка - Хрватска