• среда, 25 декември 2024

Познати најдобрите вина и ракии од натпреварот во Демир Капија

Познати најдобрите вина и ракии од натпреварот во Демир Капија
Демир Капија, 11 февруари 2022 (МИА) - Познати се најдобрите вина и ракии од натпреварот кој го организираше општина Демир Капија, во чест на верскиот празник „Свети Трифун", кој се смета за заштитник на лозарите и винарите. - Стручната комисија енолози, за најдобро вино произведено во домашни услови, го оцени тоа на Бранко Павловски. Второто место му припадна на Димитар Симитчиев, а третото на Дејан Ристов, информираа попладнево од демиркаписката локална самоуправа. За најдобра беше оценета ракијата на Димитар Симитчиев. На втората позиција се најде ракијата на Лазар Јанакиев, а на третата, ракијата на Кристина Николовска. Наградите ќе бидат доделени на празникот, в понеделник на 14 февруари. Натпреварот е во рамките на манифестацијата „Недела на традицијата- Свети Трифун 2022“.свд/фф/

Остани поврзан