Познати групите за Струшкиот ракометен турнир
- Традиционалниот ракометен турнир Струга 2025 оваа година ќе го има своето 53.то издание
Струга, 30.јули 2025 (МИА) - Традиционалниот ракометен турнир Струга 2025 оваа година ќе го има своето 53.то издание. На турнирот ќе настапат шест екипи - четири од Македонија и две од странство.
Македонски екипи ќе бидат претставниците во Европскиот куп на ЕХФ ГРК Охрид, ГРК Тиквеш, Бутел, како и домаќинот Струга. Од странство на турнирот ќе играат Раднички Крагујевац од Србија и Бурса од Турција.
Во А групата ќе играат: Струга, ГРК Охрид и Бурса, додека Б групата ја сочинуваат: ГРК Тиквеш, Бутел и Раднички.
Натпреварите ќе се играат од 13-16.август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“. мн/
Фото: Фејсбук Меѓународен турнир Струга