• вторник, 26 ноември 2024

Познатиот фотопортрет на Џенифер Анистон оди на наддавање

Познатиот фотопортрет на Џенифер Анистон оди на наддавање
Лос Анџелес, 4 јуни 2020 (МИА) - Познатиот разголен фотопортрет на Џенифер Анистон оди на продажба, заради собирање парични средства за борбата против корона-епидемијата во САД. „Мојот драг пријател @markseliger се здружи со @radvocacy и @christiesinc заради аукцијата со 25 негови портрети - вклучувајќи го и мојот - со цел ублажување на ефектите на Ковид-19“, објави глумицата на Твитер. Актот-портрет е дело на познатиот фотограф Марк Салигер, и настанал во самите почетоци на светската треска наречена „Пријатели“, во 1995 година, кога Анистон имала 26 години.  си/сд/

Остани поврзан