Пожар на патот кон село Сирково
- Активен пожар има на патот кон росоманското село Сирково, напиша вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на својата Фејсбук страница.

Росоман, 22 август 2023 (МИА) - Активен пожар има на патот кон росоманското село Сирково, напиша вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на својата Фејсбук страница.
- Екипи на ТППЕ Кавадарци се на терен и се обидуваат да го стават огнот под контрола, на терен пристигна и помош од ПСОН Кавадарци, соопшти Јанчев. свд/са/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев