Пожар на отворен простор во светиниколско
- Регионалниот ЦУК Велес известува за пожар на отворен простор на потегот од Свети Николе кон село Горобинци од левата страна на патот. Пожарот на отворено, како што соопштија од ЦУК, е појавен во 23:20 часот.

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Регионалниот ЦУК Велес известува за пожар на отворен простор на потегот од Свети Николе кон село Горобинци од левата страна на патот. Пожарот на отворено, како што соопштија од ЦУК, е појавен во 23:20 часот.
-Интервенираат пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со четири пожарникари и две противпожарни возила, како и дел од мештаните со неколку трактори за одржување на местото, со цел да се спречи проширување на пожарот, велат од ЦУК. дма/ев/
Фото: ЦУК