Пожар на врвот од планината Петрино североисточно од Охрид
- Шумски пожар попладневно избувна на сртот на планината Петрино, североисточно од Охрид, над селото Скребатно во насока кон селата Завој и Опеница.

Охрид, 13 јули 2021 (МИА) - Шумски пожар попладневно избувна на сртот на планината Петрино, североисточно од Охрид, над селото Скребатно во насока кон селата Завој и Опеница.
Гори нискостеблеста шума, а пламените јазици можат да се видат од градот.
Екипи на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите „Македонски шуми“ – подружница Охрид попладнето беа на терен, каде е констатирана состојбата, но поради настапувањето на ноќта и непристапниот не е интервенирано.
За справување со ситуацијата во раните утрински часови договорено е на лице место да излезат екипи со опрема за гасење на пожарот, а потоа ќе се знае дали има потреба од ангажирање и на екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид. аб/сп/