Пожар изби во напуштена барака во Аеродром
- Пожар избувна денеска во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“ наспроти „Американ колеџ“ во општина Аеродром.

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Пожар изби денеска во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“ наспроти „Американ колеџ“ во општина Аеродром.
Пожарот е ставен под контрола, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.
Во гаснењето на пожарот учестуваат три противпожарни возила со десет пожарникари. ац/aa/
Фото: МИА