Пожар во угостителски објект во Градски пазар во Охрид, причинета поголема материјална штета
- Пожарот некаде во 3:30 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила, така што со брза интервенција е спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот.
Охрид, 10 март 2024 (МИА) – Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Пожарот некаде во 3:30 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила, така што со брза интервенција е спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот.
Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета. аб/дма/
Фото: МИА