• петок, 05 декември 2025

Пожар во Нова Битола, пожарникарите на терен

Пожар во Нова Битола, пожарникарите на терен

Битола, 27 јули 2025 (МИА) - Вечерва изби пожар во Нова Битола, гори сува трева и паркова површина која е во непосредна близина на станбените објекти.

Во изјава за МИА, командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски, истакна дека веднаш по дојавата од локалното население, пожарникарите излегле на терен.

-Гори сува трева која е во непосредна близина на станбените згради, познати кај битолчани како „социјални згради“ што се наоѓаат над улицата „Игњат Атанасовски“. На терен се две екипи за да гаснат и го контролираат теренот бидејќи во моментов огнот е распламтен од силниот ветер што вечерва дува во Битола. Нема сомнеж дека пожарот и подметнат, изјави Тодоровски.

Пожарот којшто е видлив од повеќе локации на градот предизвика вознемиреност кај граѓаните од Нова Битола. мт/вг/



Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан