Пожар во напуштена куќа во Маџир маало
- Пожарот до Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е пријавено околу 15 часот.

Скопје, 9 февруари 2023 (МИА) - Пожар избувнал во напуштена куќа на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир маало.
Пожарот до Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е пријавен околу 15 часот.
Звонко Тоневски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во изјава за МИА истакна дека интервенирале со две возила и седум пожарникари. Тој кажа дека работат на расчистување на местото на опожарената куќа. фф/нд/