Пожар во магацин за детски играчки во Штип
- Гори голем магацин за детски играчки во близина на штипската приградска населба Три Чешми од кој е зафатен е еден објект. Пожарникарите со ладење на вториот објект се обидуваат да спречат про
![Пожар во магацин за детски играчки во Штип](https://mia.mk/index.php/images/20221112162517_big_730x400_86.webp )
Штип, 31 март 2022 (МИА) - Гори голем магацин за детски играчки во близина на штипската приградска населба Три Чешми од кој е зафатен е еден објект. Пожарникарите со ладење на вториот објект се обидуваат да спречат проширување на пожарот.
Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Дарко Коцев вели дека дојавата ја добиле во 12:35 часот и на терен се излезени со четири возила и 15 пожарникари, а на помош им доаѓаат и пожарникари од Свети Николе и Кочани.
- Пожарот тешко се гасне бидејќи има силен ветер, но пожарникарите очекуваат дека побрзо ќе го ликвидираат со пристигнувањето на нивите колеги од соседните градови. Пожарот е настанат од запалено ѓубре во близина на објектот кое поради брзината на ветерот се проширил и на магацинот во кој се складирани пластика и детски играчки. Се проценува дека штетата е огромна, но таа дополнително ќе се утврдува. Нема повредени во пожарот, додаде командирот на ТППЕ –Штип, Коцев. вдј/сп/
![Штип пожар 3](/articles/images/%d0%bf%d0%be%d0%b6%d0%b0%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d/zx1q8wD6L/placeholder.webp?use_watermark=0)
![Штип пожар 2](/articles/images/%d0%bf%d0%be%d0%b6%d0%b0%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d/X6xhVUbwO/placeholder.webp?use_watermark=0)