• сабота, 20 јули 2024

Пожар во два стана во Куманово, нема повредени

Пожар во два стана во Куманово, нема повредени

Куманово, 16 јули 2023 (МИА) - Два стана се зафатени од пожар, кој избувна попладнево во 16:45 часот на булеварите „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, спроти Зелениот пазар. Огнот зафатил станови на вториот и третиот кат.

Според информациите на пожарникарите, нема повредени лица бидејќи на време се евакуирале. Пожарникарите интервенираа со две екипи.

- Кај нас пожарот е пријавен во 16:45 часот, а интервениравме до 17:49 часот со две возила, шест пожарникари. Огнот зафати два стана на вториот и третиот кат. Успеавме да ги изгаснеме. За среќа нема повредени, изјави командирот на смена од ТППЕ Куманово Сашо Илиевски.

Пожарот е изгаснат, а причините допрва ќе се утврдуваат. СВР Куманово ќе изврши увид. ам/мд/

Фото: ФБ и Принтскрин ФБ „Кумановска горила“

Остани поврзан