• понеделник, 23 декември 2024

Пожарот на планината Серта во штипскиот дел се гаси од воздух

Пожарот на планината Серта во штипскиот дел се гаси од воздух

Штип, 17 јули 2024 (МИА) - Почна поддршката од воздух во штипскиот регион на планината Серта, информира денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.

На планината Серта македонските и турските „ер трактори“ веќе ги гаснат пожарите над селата Селце и Драгоево и на ридот Штракалево кон полигонот Пенуш. Огнените стихии се на непристапни планински терени и во долови.

-Состојбата е алармантна. Мора да истакнам дека без делување од воздух нема да се овозможи ставање под контрола на самите пожари, вели Јорданов.

Тој додава дека на терен се пожарникарите, припадниците на Армијата и вработени на ЈП „Национални шуми“ за да се спречи ширењето на пожарот кон населените места на планината Серта. вдј/мд/

Фото: МИА   

Остани поврзан