• сабота, 31 август 2024

Пожарот над беровското село Митрашинци ставен под контрола

Пожарот над беровското село Митрашинци ставен под контрола
Берово, 23 јули 2022 (МИА) - Пожарот над беровското село Митрашинци е ставен под контрола и во моментот нема опасност од негово неконтролирано понатамошно ширење, извести командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, Сашко Руменовски. -Од утрово имавме хеликоптерска поддршка со направени над 27 прелети. Користена е вода за гаснење на пожарот од импровизиран базен во соседното село Будинарци, вели Руменовски. Хеликоптерот, како што додаде, поради високите температури е повлечен, а очекуваат гаснењето од воздух да продолжи со ер-тракторите. Според проценка на командирот пожарот кај село Митрашинци се очекува вечерва целосно да биде локализиран. Сите кои учествуваа во неговото гаснење остануваат на терен се до негово целосно ликвидирање. вс/рп/

Остани поврзан