• понеделник, 23 декември 2024

Пожарот кај село Грнчиште ставен под контрола, нема опасност по селото

Пожарот кај село Грнчиште ставен под контрола, нема опасност по селото

Велес,11 јули 2024 (МИА) - Пожарот кај село Грнчиште во Општина Градско вечерва околу 18,15 часот е   ставен под контрола и нема опасност за жителите од селото, но крак од пожарот се уште е активен,  информира за МИА од ЦУК Илија Бојаровски.

Појаснува дека пожарот кај Грнчиште доцна попладнево имало интервенција и хеликоптер на МВР кој гаснел со вода од воздух.

Инаку, овој пожар кај село Грнчиште што гори од вчера и денеска стигнал на само 100 –тина  до 150 метри од куќите во селото, па се создала паника меѓу мештаните кои гаснеа пожртвувано заедно со пожарникарите од ТППЕ Велес,информираат од ЦУК Велес. 

Од ЦУК Велес појаснуваат дека на потегот помеѓу селата Караслари и Црквино, краци од пожарот се уште се активни. ад/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан