• среда, 25 декември 2024

Пожарот во Неготинско го зафати и ридот со ендемично лале

Пожарот во Неготинско го зафати и ридот со ендемично лале

Неготино, 18 јули 2024 (МИА) - Пожарот во Неготинско го зафати и ридот со ендемично лале, подрачје под заштита на локалната самоуправа, реагираат  неготинци. 

- Орлов баир,  ридот што ја преживеа една од најтешките битки во Првата светска војна, ридот на кој живее ендемичното лале - тулипа маријана, не ја преживеа неспособноста на 21 век, е коментарот објавен на Фејсбук. 

Велат дека се работи за флористичкиот локалитет Орлово Брдо кај Криволак,  каде што се регистрирани ендемични растителни видови, како што се Марианово лале (Tulipa mariannae), Македонски хердисарум (Hedysarum macedonicum), Јуришичева жалфија (Salvia jurisicii) и други.  Прогласен е за споменик на природата, како објект што има ретки македонски ендемити. 

Во 2019 година, екологисти реагираа дека не сакаат најавена депонија за индустриски отпад на Криволак, загрижени за единственото заштитено подрачје на природата во Неготино, Орлово брдо. свд/хс/


Фото: МИА 

Остани поврзан