Поетесата Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во Лариса
- Македонската поетеса Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во Лариса, Грција.
![Поетесата Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во Лариса](https://mia.mk/index.php/images/20221113184155_big_730x400_51.webp )
Скопје, 23 јули 2022 (МИА) - Македонската поетеса Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во грчкиот град Лариса.
Величковска настапи на свеченото затворање во летното кино во Лариса, како и на читањето во гратчето Трикала, близу туристичката атракција Метеори.
На 10. Издание на фестивалот, кој се одржуваше од 18 до 22 јули учествуваа 80-тина поети, музичари и визуелни уметници од Северна Македонија, САД, Германија, Велс, Хрватска и Грција.
Темата на фестивалот беше животната средина и природата. свс/сп/
![thumbnail_Величковска тесалија (1)](/articles/images/%d0%bf%d0%be%d0%b5%d1%82%d0%b5%d1%81%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%98%d1%83%d0/6cSk6tHmH/placeholder.webp?use_watermark=0)