• понеделник, 23 декември 2024

Под контрола пожарот кај Слатина, Македонски Брод

Под контрола пожарот кај Слатина, Македонски Брод

Македонски Брод, 5 август 2024 (МИА) - Пожарот кај селото Слатина, Македонски Брод, што избувна денеска, е локализиран и ставен под контрола, информираше градоначалникот Жарко Ристески.

Во гаснењето беа вклучени два хеликоптера.

Околу пожарот кај селата Брезница и Тажево, каде дваесетина дена на голема територија гори борова шума и се смета за најтешкиот во земјава, беше кажано оти денеска бил активен кракот накај Јасен.

- Околу селото Брезница е под контрола и се дежура со пожарникари и едно противпожарно возило. Огнот се движи бавно, но, оди накај викенд населбата, па оттаму ќе се дејствува во раните утрински часови, рече Ристески.

Во гаснењето на овој пожар, вклучени се 35 унгарски пожарникари, 50 припадници на АРМ, пожарникари од единицата во Македонски Брод, како и воздушна поддршка. ем/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан