• петок, 08 ноември 2024

Подрачното училиште во беровско Владимирово ќе добие ново детско забавно катче

Подрачното училиште во беровско Владимирово ќе добие ново детско забавно катче

Берово, 1 јуни 2023 (МИА) - Подрачното училиште во беровското село Владимирово ќе добие ново детско забавно катче. Активноста ќе биде дел од втората локална акција на територијата која ја покрива Локалната акциска група „Пијанец-Малеш“, за што неодамна беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЛАГ Пијанец-Малеш и Општина Берово.

- Во рамки на втората локална акција предвидено е уредување на забавно катче со детско игралиште и место за одмор. Ова е втора локална акција која се реализира во заедничка соработка помеѓу Мрежата за рурален развој и локалниот партнер ЛАГ Малеш-Пијанец заедно со Општина Берово, информираа денеска од Општината.

Во реализација на активностите се вклучени повеќе институции, здруженија и општествено одговорни фирми.

- Благодарност до Јавното претпријатие за комунални работи Услуга, здружение Владимирски Илинденски средби, ЈТД Кладенче, Караџузлиа транспорт ДООЕЛ, Таковски Мат ДООЕЛ, ПЕЛА Милан ДООЕЛ и ООУ Дедо Иљо Малешевски кои со својот ангажман ќе придонесат за реализација на локалната акција – Уредување на забавно катче со детско игралиште и место за одмор во дворот на ООУ Дедо Иљо Малешевски ПУ Владимирово, додадоа од Општината. 

Оваа активност е дел од „Програма за развој на заедницата”, проект финансиран од USAID Агенцијата на САД за меѓународен развој, а имплементиран од страна на Мрежа за рурален развој. вс/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан