• среда, 18 декември 2024

Подокеанскиот кабел „2Африка“ ќе биде продолжен за 8.000 километри

Подокеанскиот кабел „2Африка“ ќе биде продолжен за 8.000 километри
Лос Анџелес, 28 септември 2021 (МИА) - Фејсбук, заедно со неколку телекомуникациски компании, финансира проект што е замислен како најдолгиот подокеански кабел во светот. Станува збор за „2Африка“ - кабел долг 37.000 километри кој ги поврзува Африка, Европа и Азија. Фејсбук со конзорциумот ќе го продолжи кабелот со нови делови до Сејшелите, Коморските Острови, Ангола и југоисточна Нигерија. Новиот сегмент би резултирал со вкупна должина од над 45.000 километри. Целта на иницијативата е да им се овозможи на луѓето во Африка (моментно најмалку дигитално поврзаниот континент), полесен пристап до интернет. Потпретседателот на Фејсбук одговорен за мрежната инфраструктура, Кевин Салвадори истакна дека структурата ќе опслужува повеќе луѓе отколку што првично било предвидено во проектот. си/гт/

Остани поврзан