• среда, 27 ноември 2024

Подобрување на водоснабдувањето за жителите на селата Богомила и Голозинци

Подобрување на водоснабдувањето за жителите на селата Богомила и Голозинци
Велес,15 септември 2022 (МИА) - Со машинско дупчење завршија активностите за изведба на бушотини со длабочина од 20 до 35 метри за обезбедување со чиста, здрава и питка вода домаќинствата во населените места Голозинци и Богомила. Средствата за оваа изведба во висина од 350 илјади денари се обезбедени од ЈПКД „Тополка“, Општина Чашка и Здружението на пензионери од Велес. Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски истакна дека со ова ќе се подобри водоснабдувањето на жителите од овие населени места и ќе се реши долгогодишниот проблем со недостиг од вода за пиење и останати потреби, а особено во летниот период. - Се грижиме за жителите на нашата општена, а како приоритет ни е да им обезбедиме пред се’ здрава и квалитетна вода за пиење, потенцира Стојановски.ад/фф/

Остани поврзан