• вторник, 24 декември 2024

Поднесени кандидатурите за претседател на државата, партиите ги финализираат листите за пратеници

Поднесени кандидатурите за претседател на државата, партиите ги финализираат листите за пратеници

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Сите седуммина кандидати за претседател на државата ги поднесоа кандидатурите до Државната изборна комисија (ДИК). Сега се очекува ДИК да одржи седница на која треба да ги разгледа и потврди поднесените кандидатури, а најдоцна до 28 март треба да се утврди и редоследот на потврдените кандидати на гласачкото ливче. 

Вчера кандидатурите ги поднесоа Бујар Османи, Билјана Ванковска и Гордана Силјановска - Давкова, а ден претходно тоа го сторија и Стево Пендаровски, Максим Димитриевски, Стево Јакимовски и Арбен Таравари. 

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а на нив ќе гласа и дијаспората од 20-тина држави во кои се пријавиле доволен број граѓани. Иселениците нема да гласаат на парламентарните избори затоа што бројот на пријавени граѓани за гласање на овие избори е далеку од потребните 5.355 гласачи.

null

Партиите ги утврдуваат кандидатските листи за пратеници 

Најголемите партии од македонскиот блок - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавуваат активности за претстојниот викенд. СДСМ во сабота на конгрес ќе ги официјализира кандидатите за пратеници и носителите на листи, а ВМРО-ДПМНЕ, според најавите, се очекува да ја промовира изборната програма. 

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев за ТВ 24 изјави дека при одлучувањето ќе се води сметка за рејтингот, кредибилитетот и реномето на личностите, како и за родовата и регионалната застапеност. 

- Имаме јасна визија за иднината на државата и отворено ја кажуваме. Ние донесовме тешки одлуки, но тие одлуки беа за повисока цел. Благодарение на тоа нашата држава сега е рамноправна членка на НАТО, а ние не се плашиме да кажеме дека нашата идеја е членство во Европската Унија. За разлика од Мицкоски кој вели дека ни за 100 години нема да влеземе во ЕУ, ние сакаме Македонија да стане дел од тоа друштво кое носи повисоки плати и пензии, подобро здравство, поквалитетно образование, рече Богоев.

Во Либерално-демократската партија, како што вчера изјави претседателката Моника Зајкова, веќе е утврдена листата на кандидати за пратеници, а таа ќе се натпреварува во Првата изборна единица која, како што изјави, ќе ја предводи лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Освен Зајкова, од ЛДП на кандидатските листи за пратеници ќе се најдат и генералниот секретар на партијата Боби Мојсоски и д-р Илија Нешковски.

Monika Zajkova, leader of the Liberal Democratic Party (LDP), announced Tuesday evening at the opening ceremony of the party's new headquarters in the Centar municipality that they will be co

ВМРО-ДПМНЕ, пак, веќе обелодени дел од кандидатите кои ќе бидат носители на листите во изборните единици. Носител на кандидатската листа во Првата изборна единица ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а во Втората изборна единица потпретседателот на партијата Владо Мисајловски. Во „тројката“ носител на кандидатската листа ќе биде пратеникот Драган Ковачки, во Четвртата изборната единица Александар Николоски, а во Шестата изборна едница листата ќе ја предводи пратеничката и член на Извршниот одбор, Дафина Стојаноска. За носител на листа во изборната единица 5, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се уште немаат одлучено кој ќе биде носител.

Вчера во Скопје беше промовиран и Европскиот фронт меѓу ДУИ и „Движењето на народот“ на Скендер Реџепи. Лидерот на ДУИ Али Ахмети по потпишувањето на коалицискиот договор со „Движењето на народот“ изјави дека продолжуваат да преговораат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување коалициски договор за приклучување на Европскиот фронт.

- Има време, уште сме во преговори и со други партии. Тоа е процес кој е отворен подолго време. Зборуваме со сите и со Алијанса и со Тачи и со Аријанит Хоџа и со Турската партија, со Бошњачката партија, со Ромската партија за да се приклучат на овој фронт, рече Ахмети.

DUI is holding talks with all political parties outside the ethnic Albanian opposition bloc to invite them to join the party's European Front coalition, DUI leader Ali Ahmeti told a press con

Од коалицијата „Вреди“ каде се обединети партиите од албанската опозиција, го оценија формирањето на Европскиот фронт како очајни потези на ДУИ. 

- Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично. Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер, наведоа од коалицијата „Вреди“ во соопштение. 

Лидерот на СДСМ Ковачевски коментирајќи го формирањето на Европскиот фронт рече дека е добро што ќе има најмалку две коалиции кои се залагаат за брза интеграција на Северна Македонија и ќе победат на изборите за земјата непречено да го продолжи евроинтеграцискиот пат. За тоа дали со некого ќе одат заедно на избори или ќе имаат постизборна коалиција, како што посочи, одлуката ќе ја донесат органите на партијата. бак/ев/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан