• четврток, 26 декември 2024

Поддршка за младите претприемачи од Општина Илинден

Поддршка за младите претприемачи од Општина Илинден

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Општина Илинден објавува Јавен повик за доделување на еднократна финансиска парична за младите претприемачи во висина од 6.000 денари. На повикот можат да се јават лица до 34-годишна возраст.

Од општината посочуваат дека Јавниот повик е согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден.

- Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување, а износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари. Исплатата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, известуваат од локалната самоуправа.

На Јавниот повик право на учество може да оствари секое полнолетно лице со навршени најмногу 34 години живот кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2024 година со седиште на територија на општина Илинден.

За сите дополнителни информации, заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб-страница ilinden.gov.mk. ир/са

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан