• понеделник, 30 март 2026

Подготовки на ЈУ НП „Пелистер“ за претстојната сезона

Подготовки на ЈУ НП „Пелистер“ за претстојната сезона

Битола, 30 март 2026 (МИА) - Јавната установа Национален парк „Пелистер“ почна со подготовки за претстојната сезона во која се очекува зголемен број посетители и љубители на планината.

Директорот на ЈУНП „Пелистер“-Битола Иванчо Тошевски информира дека изминатиот викенд, екипи на установата ја исчистиле патеката која води до Видиковец кој е на 2.000 метри надморска височина.

-Изминатиот викенд целосно е исчистена кружната патеката која води до Видиковец 2000 м.н.в и отстранети се околу 30-тина дрвја од патеката. Активно работевме на уредување на детската патека наменета за еколошка едукација, а на дел од инфоцентарот поставуваме подно греење кое треба да овозможи попријатен престој за сите посетители. Подготовките за претстојната сезона се во полн ек, посочи Тошевски.

ЈУНП „Пелистер“-Битола во овој период од годината поради високата снежна покривка на планината Баба врши и прихранување на животинскиот свет.мт/са/

Фото: ЈУНП „Пелистер“-Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан