Поглаварите на црквите и верските заедници во посета на Стоби
- Скопје, 27 септември 2023
![Поглаварите на црквите и верските заедници во посета на Стоби](https://mia.mk/index.php/images/20230927103419_big_730x400_18.webp )
Скопје, 27 септември 2023
На 26.09.2023 година поглаварите на црквите и верските заедници споменати во македонскиот Устав на покана на директорот на Комисијата за односи со верските заедници г-дин Даријан Сотировски го посетија археолошкиот локалитет „Стоби“.
Заедничката посета беше оценета и како одлична можност освен за непосредно запознавање со ова исклучително национално културно богатство и за продлабочување на меѓуверскиот дијалог, но и за испраќање на порака до целокупната јавност дека културното богатство ширум нашата татковина е големо, а секоја голема чест значи и голема одговорност, како за граѓаните за почитување, така и за институциите за негување, одржување и промовирање.
Комисија за односи со верските заедници
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Комисија за односи со верските заедници