Погба ги помина медицинските прегледи и потпиша договор со Јувентус
- Играчот од средниот ред Пол Погба доаѓа во Јувентус како слободен играч.

Торино, 9 јули 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред Пол Погба доаѓа во Јувентус како слободен играч.
Според новинарот Ромео Агрести, денеска фудбалерот го завршил лекарскиот преглед и веќе потпишал договор со клубот од Торино.
Во исто време, официјалното објавување на зделката најверојатно треба да се очекува во понеделник, а не денеска или утре.
Погба последните шест сезони ги мина во Манчестер јунајтед. Францускиот репрезентативец во минатото играше за Јувентус. зс/