• вторник, 24 декември 2024

Повторно смртоносен судир меѓу ривалите во Либија, деветмина загинати

Повторно смртоносен судир меѓу ривалите во Либија, деветмина загинати

Каиро, 10 август 2024 (МИА) - Во судирите меѓу ривалските милиции во главниот град на Либија, Триполи, загинаа девет лица, а 16 се ранети, соопшти денеска Министерството за здравство.

Повеќечасовните судири, последната ескалација на насилството во поделената северноафриканска земја, избувнаа во петокот меѓу паравоената група Рахба ал Дуруае предводена од Башир Халфалах „ал-Бакр“ и групата на ал-Шахид Сабри.

Судирите избија по неуспешниот атентат на Ал Бакр во петокот, за кој неговата милиција ги обвини членовите на паравоената група ал Шахид Сабрија.

Калед ал Мешри, новоизбраниот шеф на Високиот државен совет, кој го контролира само западниот дел на Либија, го осуди обидот за атентат и повика на истрага.

Завојуваните страни се сојузници со владата на премиерот Абдул Хамид Дејбах.

Либија е поделена меѓу ривалските администрации на исток и запад, секоја поддржана од вооружени групи и странски влади. Тие се предводени од владата на Дејбах во Триполи на запад и администрацијата на премиерот Осама Хамад на исток.

Западна Либија е контролирана од низа милиции кои се во сојуз со владата на Дејбах, додека силите на воениот командант Калифа Хифтер ги контролираат источниот и јужниот дел на земјата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан