• понеделник, 23 декември 2024

Повторно приведени две групи Сиријци кои се обиделе илегално да транзитираат низ Бугарија

Повторно приведени две групи Сиријци кои се обиделе илегално да транзитираат низ Бугарија
Софија, 4 септември 2022 (МИА) - Две групи мигранти денеска се откриени и приведени при обид илегално да ја преминат бугарската граница, јави дописникот на МИА од Софија. Во близина на бугарско-турската граница, кај Малко Трново, на пат кон Бургас, приведени се 50 лица, меѓу кои и млади жени и деца, кои рекоа дека се Сиријци. Тие тврдат дека нивната крајна дестинација е Германија, а за патувањето платиле по 2.500 евра по човек. Исто така, минибус со 40 илегални мигранти од Сирија имаше сообраќајна несреќа во Костинброд недалеку од Софија. Возачот се обидел да побегне, но по кратка потера бил уапсен. Приведените мигранти ќе бидат сместени во специјализирани центри каде ќе се проверува нивниот идентитет и националност и ќе им биде пружена помош. нк/ми/

Остани поврзан