Дожд, ветер и грмотевици повторно во тетовско
- Метереолошка нестабилност повторно во Тетово доцна попладнево резултираше со интензивен пороен дожд, грмотевици и силен ветер. Вака беше околу еден час, од околу 17:30 до 18:30 часот, откако до тогаш во градот беше сончево и топло. Засега нема информации за нови штети и проблеми.

Тетово, 26 јуни 2024 (МИА) - Метереолошка нестабилност повторно во Тетово доцна попладнево резултираше со интензивен пороен дожд, грмотевици и силен ветер. Вака беше околу еден час, од околу 17:30 до 18:30 часот, откако до тогаш во градот беше сончево и топло. Засега нема информации за нови штети и проблеми.
Управата за хидрометеоролошки работи објави радарски слики од движење на нестабилна воздушна маса со кои предупреди на ваквата состојба.
- Според радарските слики и движењето на нестабилната воздушна маса, се очекуваше Тетово и Тетовскиот регион да биде зафатен со невреме од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град. Освен Тетово, кое претходно е зафатено од невреме, нестабилно е во Охридскиот регион, Велешко и северозападниот дел од Скопската Котлина, информира УХМР, а пренесува и Центарот за управување со кризи.
Во неделата, поради слично невреме во приближно истиот период како денеска, имаше поплавени дворови, куќи, патишта и земјоделски површини.ас/бт/
фото: МИА и УХМР