Поврзување на спортот со образованието – главна цел на Спортскиот самит „Today’s Sport“
- Здружението Геостратешки Институт ГЛОБАЛ трет пат по ред организира спортски самит, годинава наречен „Today’s Sport“.
Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Здружението Геостратешки Институт ГЛОБАЛ трет пат по ред организира спортски самит, годинава наречен „Today’s Sport“.
На самитот се разговара за теми поврзани со спортот како, спортска дипломатија и спортски инвестиции како и спортски менаџмент, спортско право и финансии во спортот, исто така, спортско образование кои се значајни за развојот на професионалната спортска практика.
Учествуваат еминентни професори и експерти од Македонија, од Балканот и од Европската Унија. На настанот се одржуваат повеќе панел дискусии и дебати со спортски новинари и спортски здруженија.
Претседателот на ГИ Глобал, професорот Иван Атанасовски, е задоволен од резултатите по првите два самита, како што е промена на ваучер системот на финансирање во спортот, формирање на министерство за спорт,
- Секогаш треба да имате нови цели. За мене целта на годинашниот самит е цврсто поврзување на спортот со образовниот процес. Затоа овде со нас се многу студенти, професори, декани на факултети. Убеден сум дека можеме да генерираме нови профили, професии за потребите на спорт. Новите кадри во иднина да можат со успех и многу одговорно да ги менаџираат сите спортски колективи. Убеден сум дека оваа цел ќе ја постигнеме и од година во година ќе ја издигнуваме на повисоко ниво, истакна Атанасовски.
Самитот во Скопје доби поддршка од повеќе градоначалници, министри, спортски работници, како и од поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов и заменичката амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. зс/
Фото: МИА