• сабота, 06 декември 2025

Повреден работник во приватна фирма при извршување работни задачи

Повреден работник во приватна фирма при извршување  работни задачи

Скопје, 29 јуни 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во СВР Скопје е пријавено дека вработен во приватна фирма се здобил со тешки повреди при извршување на работни задачи.

-Вчера во 13:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар, Г.В.(48) од Скопје, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи со виљушкар, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје, соошти МВР.

Од Министерството посочуваат дека увид е извршен од полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан