• сабота, 23 ноември 2024

Повреден работник во објект во изградба во Центар

Повреден работник во објект во изградба во Центар

Скопје, 2 јануари 2023 (МИА) -  Шеесет и девет годишниот Љ.М. од Скопје, ангажиран како чувар во објект во изградба на ул. „Козара“ во Општина Центар, според неговиот исказ, вчера се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи.

-Во Полициска станица Центар вчера во 11.30 часот е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е донесен повреден Љ.М.(69) од Скопје кој појаснил дека околу 10.00 часот додека извршувал работни задачи како чувар во објект во изградба на ул. „Козара“  на подрачје на Центар се повредил, при што од лекар му е  констатирана тешка телесна повреда,  се наведува во дневниот Билтен на Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и известен е трудов инспектор.лв/

Остани поврзан