• вторник, 23 јули 2024

Повреден командирот на штипската Територијална Противпожарна единица при гаснење на пожар

Повреден командирот на штипската Територијална Противпожарна единица при гаснење на пожар

Штип, 23 јули 2024 (МИА) - Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Првиот човек на штипските пожарникари во штипска Клиничка болница е хоспитализиран синоќа околу 20.30 часот и е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран.

Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Остани поврзан