• вторник, 24 декември 2024

Повреден војник за време на проверка на оружје во касарната „Илинден“

Повреден војник за време на проверка на оружје во касарната „Илинден“
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Војник од касарната „Илинден“ вчера бил хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ откако бил повреден од негов колега, соопшти МВР. - Вчера околу 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т. (45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош, се наведува во денешниот полициски билтен. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата. Од страна на Воена полиција бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот. дма/сп/

Остани поврзан