• петок, 30 август 2024

Повредени три лица во сообраќајка на „Партизанска“

Повредени три лица во сообраќајка на „Партизанска“
Скопје, 24 август 2020 (МИА) - Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булевар „Партизански одреди“ и булевар „8 Сетември“ во Скопје, соопшти МВР. - Во сообраќајната незгода учествуваа три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица, велат од МВР. Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.фф/са/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан