• петок, 30 август 2024

Повредени неколку лица при превртување автобус во југоисточна Австрија

Повредени неколку лица при превртување автобус во југоисточна Австрија

Виена, 27 септември 2021 (МИА) - Во југоисточна Австрија денеска се преврте автобус, при што беа повредени неколку патници.

- Во автобусот имало околу 30 патници кога несреќата се случила на рурален пат во Тифенбах, Штаерска, изјави портпаролот на полицијата за ДПА. Властите се сомневаат дека автобусот се судрил со камион.
Полицијата се уште не објавила од каде доаѓаат патниците. Портпаролот рече дека станува збор за постари луѓе. паг/  

Остани поврзан