• понеделник, 23 декември 2024

Повредениот Дест останува во Барселона

Повредениот Дест останува во Барселона

 

Барселона, 10 мај 2024 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Сержињо Дест нема да го напушти клубот ова лето бидејќи продолжува да се рехабилитира од повредата на коленото.

Дест оваа сезона настапуваше како позајмен играч во ПСВ Ајндховен со кој ја освои холандската титула. Изминатиот период се шпекулираше дека 23-годишниот американски репрезентативец ќе ја напушти Барселона по завршувањето на оваа сезона и оти шпанскиот клуб со задоволство ќе го продаде на новиот холандски првак, но трансферот пропадна поради повредата.

Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, ПСВ нема да ја активира откупната клаузула во договорот на Дест иако е задоволен од неговите настапи, бидејќи фудбалерот сè уште се закрепнува од повредата на лигаментите на коленото.

Дест во јуни ќе се врати во Барселона, каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.

Холанѓанецот се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, но немаше настапи во првиот тим до 2022 година. Вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три голови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан