• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повредата на Меси не е сериозна

Повредата на Меси не е сериозна

Мајами, 4 август 2025 (МИА) - Прес-службата на Интер Мајами презентираше ажурирани информации за состојбата на напаѓачот Лионел Меси.

- Резултатите од прегледот потврдија лесна повреда на мускулот на десната нога. Одлуката за неговото враќање на теренот ќе зависи од неговата клиничка состојба и одговорот на третманот, се вели во соопштението.

На 3 август, 38-годишниот Аргентинец беше заменет во 11-тата минута од натпреварот од Лига купот против Некакса (2:2, 5:4 на пенали).

Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. Напаѓачот одигра 69 натпревари за тимот од Флорида, постигнувајќи 58 гола и 28 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан