• сабота, 23 ноември 2024

Повик на МСУ за учество на 13. Биенале на млади уметници

Повик на МСУ за учество на 13. Биенале на млади уметници
Скопје, 1 март 2021 (МИА) - Музејот на современа уметност во Скопје упати повик за учество во биналето за млади уметници на возраст од 18 до 35 години. Повикот трае до 20 март 2020 година и е наменет за македонски и странски автори, а темата е „Страст за лутање“. - Ги покануваме младите уметници на движење без цел. Покануваме „скитници“ со надеж дека ова движење неочекувано ќе открие и ќе дојде до нови територии. Територии кон кои може колективно да се движиме и да пронајдеме некаква случка, новина. главната тема на ова Биенале на млади уметници е немање цел за ништо конкретно во сегашната состојба на нештата во светот, туку желба сè да биде другаде. Сè што може да се случи таму. А, работите обично се случуваат кога се движиме. Без поставена цел, сè може да се случи, информираат од МСУ. Како што се наведува во соопштението пријавите ќе може да се испраќаат во електронска форма на македонски и англиски јазик на маил адресата: info@msu.mk, со назнака: Пријава за Биенале на млади уметници. Апликацијата треба да содржи опис на делото, кратка биографија до 500 зборови, фотографии од делото со податоци за наслов, година, техника и димензии, како и листа на потребна опрема за техничка реализација и инструкции за инсталација на делото. Авторите аплицираат со веќе продуцирани дела, а транспортните трошоци за странските уметници ги покрива Музејот на современа уметност – Скопје. Авторите конкурираат со едно свое дело настанато во периодот од 2018 - 2021 година. - Сакаме да ја поттикнеме желба за талкање низ простори внатре и надвор, за конкретно да ги прошириме просторите за лутање, простори што се (о)слобод(е)ни од доминантниот код со кој се фиксира и се имобилизира поединецот и колективот. Овие нови простори што се достапни без никаква цел, претставуваат отвори со потенцијал за новина во, и за, уметноста. Веќе една година живееме во состојба на домашност, на истост, на повторувања во чекање. За да се спротивставиме на оваа состојба, нашиот проект ја бара „болеста за другото“ како лек што може да се најде преку бесцелно лутање, се наведува во соопштението. Избраните автори се должни делата да ги достават опремени за излагање и означени со име, презиме, наслов година, техника и димензии, како и дека сите пријавени дела на биеналето ги селектира и оценува жири комисија. Биеналето оваа година ќе се одржи од 5 мај до 1 септември 2020, во Музејот на современата уметност – Скопје, а резултатите од конкурсот ќе излезат до 1 април оваа година. свс/сп/

Остани поврзан