• сабота, 16 ноември 2024

Повик до новинари за учество на обуки и дискусии за известување за евроинтегративниот процес

Повик до новинари за учество на обуки и дискусии за известување за евроинтегративниот процес
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - „People 2 People“ и Епи Центар Интернационал во рамките на активностите на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, финансисиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА, а имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, ги повикува сите новинари од локалните, регионалните и националните медиуми да се пријават за интерактивни обуки и дискусии за процесот за пристапување во ЕУ. - Општата цел на овие обуки и интерактивни дискусии е да се запознаеме, дознаеме и споделиме искуства за важноста на евроинтегративниот процес и улогата на медиумите, институциите в Северна Македонија и ЕУ. Исто така, важно е да дискутираме за можните начини на известување како би можеле да ја информираме јавноста поквалитетно и поефикасно за разните аспекти од процесот на ЕУ интеграција, за новостите, моменталните достигнувања, но и предизвиците за понатамошното приближување кон членството во ЕУ, објави Секретаријатот за европски прашања (СЕП). Знаењето на новинарите како и квалитетот на нивното известување, додаваат, ќе се унапреди преку преставување на клучни алатки и техники. - Со запознавањето со основните принципи на писменот на податоци (data literacy) и современите начини на нивно претставување, како и увидот во праксата која ја користат колегите новинари од регионот, новинарите ќе развијат вештини неопходни за поширок аналитички пристап за известување на различни теми. Воедно, многу е важна и напредната комуникација меѓу самите новинари од различни региони во државата, како и размена на искуства и унапредување на соработката со релевантни и надлежни институции, а пред сѐ со Секретаријатот за европски прашања (СЕП), објави СЕП. мс/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан