• сабота, 21 декември 2024

Повеќе од 900 случаи на мајмунски сипаници потврдени во 29 земји

Повеќе од 900 случаи на мајмунски сипаници потврдени во 29 земји
Вашингтон, 4 јуни 2022 (МИА) - Потврдени се 909 случаи на инфекција со мајмунска сипаница во 29 земји ширум светот, покажуваат податоците на ЦДЦ (Центрите за контрола и превенција на болести). Најголем број заразени има во Велика Британија, каде се пријавени 225 случаи. На второ место по бројот на заразени е Шпанија со 186 случаи, а на трето Португалија - 143 заразени. Соединетите Американски Држави се рангирани на осмото место по бројот на заразени со 24 потврдени случаи. Заразени со мајмунски сипаници има и во Канада, Германија, Франција, Холандија, Италија и Белгија. паг/  

Остани поврзан